ОХРИДСКИТЕ АКЦИЈАШИ НАЈДОБРИ НА ОРА „РИБАРИЌ“ ВО СРБИЈА
- јули 25, 2019
- 0
Гадоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше средба со младинската бригада од Акцијашкиот клуб „ Брег на младоста“ од Охрид, која учествуваше и беше прогласена за најдобра на Младинската работна акција „ Рибариќ“ што се одржа од 14 до 21 јули во Нови Пазар, Република Србија. На средбата, градоначалникот Георгиески на бригадирите им ги врачи почесните признанија и другите награди, им посака натамошни успеси и поддршка на нивните активности.
Бригадата на Акцијашкиот клуб „ Брег на младоста“ беше составена од седумнаесет младинци и 4 четворица ветерани.Покрај охридската, на акцијата во Нови Пазар учествуваа и бригади од Куманово, Белград, Лопаре и од Сојузот на работните акции на Србија.