ОХРИД ГО ПРАЗНУВА 2-РИ АВГУСТ-ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА
- август 2, 2019
- 0
Со полагање на свежо цвеќе и пригодна културно-уметничка програма, Општина Охрид го одбележа 2-ри август Илинден-Денот на Републиката.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден, делегации на општина Охрид, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на Илинденците во селото Велгошти и во Градскиот парк во Охрид, како и на спомен обележјето на паднатите борци во селото Плаќе.
Во рамки на илинденските празнувања, во селото Плаќе, беше одржан и историски час, посветен на значењето на овој празник.