Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мадите -12 ти август и Неделата на млади, вчера Претседателот  на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски присуствуваше на   конференцијата „ Општините  пријател на младите – Младинското учество во фокус“ што се одржа во Скопје.

Во рамки на настанот Божиноски ја прими престижната награда „Општина пријател на Младите“ што Општина Охрид ја доби како признание за исклучителните иницијативи и политики  спроведени за поддршка и зајакнување на младите во заедницата.

На конференцијата Божиноски ја истакна важечката улога на младите во општеството.

– Иднината на една општина, на една држава е во младите генерации. Младите се движечката сила и иднината на татковината, тие се носители на идеи , иновации, позитивни промени и се значаен ресурс  за напредок и развој. Младинските политики  играат важна улога  во развојот и напредокот  на локалната заедница. Младите се клучот  за силен напредок и светла иднина на Македонија– рече Божиноски осврнувајќи се на младинските политики што ги води Општина Охрид.

– Општина Охрид има успешна реачизација не само на обврските  согласно Законот за младинско учество, туку оди и едно скалило погоре , во насока на реализирање конкретни мерки  и проекти  за подобар статус на младите. Особено сме горди на отворањето на  Младинскиот Центар, формирањето на Локален совет на млади  и Локално младинско собрание, а изготвена е и Локална Стратегија за млади 2021- 2026 година. Отворањето на Младинскиот центар во Охрид, беше сложен процес на кој бевме особено посветени предводени од градоначалникот Кирил Пецаков, Советот на општината и Одделението за млади и невладини организации. Горди сме што успеавме да ги реализираме сите предвидени активности- подвлече Божиноски.       

Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“, финансиран  од Европската Унија, а имплементиран од Националниот  младински совет  на Македонија во партнерство со Фондацијата  за развој на локалната задница Штип, Платформата за зајакнување  на младите од Гостивар  и Здружението  за одржлив развој  СФЕРА Интернешнал од  Битола.