ОХРИД И БЕРАТ И ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ СЕ БРАТИМАТ
- април 1, 2019
- 0
Двата архитектонски бисери – македонскиот Охрид и албанскиот Берат, ги поврзува не само тоа што се заедно на светската листа на културни и амбиентални врености на УНЕСКО, туку и заедничкото историско минато, влезено, мегу другото, и во легендата за охридската мома Биљана, која ги молела бератските винари “кротко да ги тераат карваните за да не и го газат даровното платно”.
Со овие зборови, викендов во Охрид, им се обрати ВД градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на учесниците втората „Езерска средба – Охрид 2019”, која, под покровителство на локалната самоуправа и негова – лично, се одржа во организација на Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, односано огранокот за општините Охрид и Дебрца.
Од оваа година, Средбите ќе имаат два дела: Покрај во Охрид, ќе продолжат, на 18 мај, во Поградец и Корча, Република Албанија.
Учествуваа високи претставници на здруженијата на ветерани од одбраната и безбедноста од нашата земја, Албанија и други соседни земји, како и градоначалниците од градовите кои гравитираат околу Охридското и Преспанското Езеро.
Првиот човек на македонското Здружение, генерал Филип Котели, информираше дека се воспоставени први контакти за соработка и догодина ќе бидат канети и претставници на сродните асоцијации од Грција и Унгарија, како и од земјите на поранешната југословенска заедница.
Централен настан, беше Свечената седница, на која говореа генерал Филип Котели, односно полковник Енвер Ајдари, во името на албанскиот Сојуз, како и претседателот на Општинската организација на Здружението за Охриди и Дебрца, полковник Добре Вељаноски,
Покровителот на манифестацијата, Константин Ѓорѓиевски, со задоволство ја прифатија иницијативата на претседателот на албанското здружение од Берат, Владимир Мема Охрид и Берат, вековната соработка, да ја крунисаат со потпишување на официјален акт за братимење, додека претставниците од Албанија тоа го поздравија со долг аплауз и извици – браво, браво…
Охридска организација истовремено, прослави 11 годишната плодна активност, како една од најактивните и најмасовни општински организации, со членство од над 200 наши соработници, само од Охрид.
– Нашата Општинска организација ја координира и насочува и работата на нашите колеги од општините Струга, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Ростуше, Центар Жупа и Маврови Анови, а тесно соработуваме со колегите од Тетово, Битола, Ресен и Прилеп. Надвор од границите на нашата земја, тесно и врз основа на потпишани протоколи, соработуваме со сродните асоцијации од Албанија (Тирана, Пешкопеја, Елбасан, Поградец, Корча и Берат – градот со историски врски со Охрид), Бугарија (Софија, Ќустендил и Дупница), како и Србија – Панчево и Врање и други места – нагласи полковник Вељаноски.
Во рамките на манифестацијата, беа одржани и заеднички спортски натпревари, во дисциплините шах, пикадо, табла, пинг-понг и стрелаштво.
Домаќините, за своите гости организираат разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро, прошетка со брод по Охридското Езеро, како и посета на Хидро биолошкиот институт, како манифестација на на заедничката грижа на Охридското и Преспанското Езеро.
Во хотелот “Милениум Палас”, беше одржано импресивно заедничко другарување, веселба и свечен ручек. Гостите се веселеа, заедно со фолклорната група “Охриѓанка”, додека посебно доживување беше настапот на малата Кетрин Коли, родена во Глазгов, Шкотска, а сега, со својата мајка – позната виолинистка со диплома од Кралскиот колеџ, Доминика Коли, живее во охридското село Климештани. На своето име и презиме, додала – Македонска.