Свеченостите по повод одбележување на 120 години од смртта на Христо Узунов продoлжија  и денес. Утрово  делегација  на општината положи свежо цвеќе пред неговата спомен биста во градскиот парк. По традиција претставници од Општина Охрид  го посетија  вечното почивалиште на Христо Узунов во селото Цер, кичевско каде  пред повеќе од еден век се случи херојската погибија.