ОХРИД СЕ ПОКЛОНИ ВО ЧЕСТ НА ОСЛОБОДИТЕЛИТЕ
- ноември 7, 2024
- 0
Во рамки на чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне каде се одржа панихида и културен настан на најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ во Спомен паркот на револуцијата, кај градските гробишта , во градскиот парк, во дворот на Основен суд и во дворот на СОСУ „Кирил и Методиј“.
Пред спомен обележјата на борците се поклонаа и останати делегации на претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.
no images were found