Во рамки на чествувањата по повод 23 Октомври,  Денот на македонската револуционерна борба,  делегација од локалната самоуправа  предводена од Претседателот на Советот на Општината Охрид, Перчо Божиноски  се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк.

 Свежо цвеќе положија и останати претставници од  јавниот и политичкиот живот од градов и државава.