ПОДИГНАТ НЕСООДВЕТНО ДЕПОНИРАН ОТПАД ОД ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ
- декември 29, 2021
- 0
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно чистат и подигнуваат големи количини на несоодветно депониран отпад од повеќе локации во градот.
Во текот на денешните редовни активности, околу контејнерите и јавните површини на улиците: „Никола Карев”, „Булевар Туристичка”, „Егејска”, „Галичица” , „АСНОМ”, „Ариф Мустафа”, „Питу Гули”, „7-ми Ноември” биле затекнати несоодветно депонирани количини на кабаст и зелен отпад, картони, пластика и градежен шут.
Се упатува апел до граѓаните да се почитува комуналниот ред и динамиката на подигнување отпад, а за секоја потреба која ја имаат за депонирање на кабаст и зелен отпад и градежен шут, како и пријавување на случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен е дежурниот телефон 075-495-428 секој ден во неделата од 07:00 часот до 21:00 часот.