ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИ ПОЕТСКИ ТВОРБИ ПОСВЕТЕНИ НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
- декември 5, 2019
- 0
По завршувањето на распишаниот конкурс од страна на Општина Охрид за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта, жири комисијата во состав Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Голабоска (член) и Митре Велјаноски (член) донесе одлука за најдобрите, од вкупно пристигнатите 27 поетски творби посветени на животот и делото на Св. Климент Охридски.
Жири комисијата одлучи во првата категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградата да се подели на творбите „Св. Климент“ под шифра „1009062009“ и „За Охрид – за Климентовиот“ под шифра „И јас сум дете на Климент“ .
Наградата во втора категорија за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) ѝ се доделува на песната: „ Климент во охридска прегратка“ под шифра: „Лихнид555“ .
Наградата во трета категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) ѝ се доделува на песната „Потрага“ под шифра: „Климентов аманет“.
Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид, најдоцна до 06. 12. 2019 г. (петок) до 12 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале.
- Поврзани вести: НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБA