ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИ ПОЕТСКИ ТВОРБИ ПОСВЕТЕНИ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ-ПАТРОНОТ НА ОХРИД
- декември 5, 2022
- 0
По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.
Жири –комисијата одлучи ПРВИ НАГРАДИ да им бидат доделени на следниве творби:
- Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)
поетска творба: „Климент Охридски“
шифра: Славјан
- Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)
поетска творба: „Средновековен времеплов“
шифра: Средновековна книжевна школа
- Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)
поетска творба: „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“
шифра: 050321
Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид во текот на утрешниот ден 06.12.2022 година и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.