ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „АНАЛИЗА ЗА ЕКОНОМСКИ ИМПАКТ ВО ТУРИЗМОТ“
- февруари 11, 2020
- 0
На ден 14.02.2020 година, петок во 12:00 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација за изработената „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид.
Предавачи на темата ќе бидат Проф. Д-р Цветко Андреески и Проф. Д-р Александар Трајков кои ќе зборуваат за значењето на економските влијанија на туризмот во општина Охрид, организацијата на туризмот во Охрид како туристичка дестинација (ДМО-дестинациска менаџмент организација), структурата на потрошувачката во општина Охрид и влијанието врз националниот БДП, анализа на влијанието врз развојот на руралните области во општина Охрид, анализа на објектите за сместување и сервисни дејности со храна во општина Охрид и за карактеристиките на пазарот на труд (вработеноста) во туристичкиот сектор во општина Охрид.
Се покануваат сите заинтересирани туристички работници, приватни стопанственици, производитети и заинтересирани граѓани да присуствуваат на оваа презентација.