ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКИ ФОНДОВИ И ПРОГРАМИ ВО ОПШТИНА ОХРИД
- јуни 21, 2019
- 0
Сите фази на подготовка, аплицирање и спроведување на европски проекти, како и детали за повиците за финансирање од актуелниот програмски период, на кои можат да аплицираат субјекти од нашата земја, беа објаснети во рамки на Презентацијата на европски фондови и програми, која се одржа денеска во Општина Охрид.
Презентацијата ја водеше Веселин Халачев – Претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на мал бизнис (ESBA) од Брисел, со ресор „Европски програми и европски фондови”. Тој во своето излагање пред присутните, особено се осврна на деталите за Програмата ИПАРД II за периодот 2014 – 2020 – Мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси”, чиј што повик за аплицирање ќе треба да биде објавен наскоро.
На презентацијата која беше организирана на иницијатива на Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, зедоа учество претставници на бизнис секторот и граѓански здруженија од Охридскиот регион.