
ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА БАСКЕТ ИГРАЛИШТЕТО ВО НАСЕЛБА „ЦРНОГОРЦИ“
- септември 4, 2020
- 0
Во завршна фаза е изградбата на Баскет игралиштето што го градат општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија. Игралиштето е сместено во делот за млади и спорт и е со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него е поставена специјална подлога за играње кошарка, рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.
Игралиштето е наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“. Општина Охрид во иднина планира овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.