ПРИГОДНИ ЧЕСТВУВАЊА ЗА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА АНДОН КЕЦКАРОВ
- јануари 28, 2020
- 0
Со панихида и пригоден историски час на 30-ти јануари 2020 година со почеток во 12 часот, ќе се одбележат 155 години од раѓањето и 75 години од смртта на македонскиот револуционер, просветниот и општествен деец, охриѓанецот Андон Кецкаров.
Частвувањата ќе се одржат на неговото вечно почивалиште кое се наоѓа на источната страна од црквата „Свети Константин и Елена“. Ова спомен обележје и просторот околу него, беа соодветно уредени неодамна од страна на Општина Охрид и ЈП „Градски гробишта“.
Андон Кецкаров е роден во Охрид 1865 година и е еден од истакнатите интелектуалци од 80-те и 90-те години на XIX век, кои бараат нови форми на организирање на населението, комбинираjќи ја просветната со револуционерната агитација. Во периодот 1887-1889 година Кецкаров бил учител во Охрид, а меѓу 1889-1897 година во Битола. Во 1942 година Кецкаров бил еден од основачите на Охридската општограѓанска фондација „Св. Климент Охридски“, која имала хуманитарни цели. Починал на 30 јануари 1945 година.
















ОПШТИНА ОХРИД