ПРОМОВИРАНО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИДСКАТА АРХЕОЛОШКА АЗБУКА“
- декември 3, 2025
- 0
- Категорија:
Во рамки на програмата посветена на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовирано второто издание на „Охридската Археолошка азбука“ од авторите проф. д-р Антонио Јакимовски, д-р Елизабета Томевска- Илиевска, м-р Маја Јаневска и м-р Иван Малезанов. Книгата е наменета за третоодделенците од охридските основни училишта за да помогне во нивното јазично и археолошко описменување.
На промоцијата на трудот советничката Ана Крстевска истакна дека со денешниот настан правиме значаен чекор кон доближувањето на нашето богато културно и археолошко наследство на најмладите.
Оваа богата илустрирана археолошка читанка за деца е испечатена во 700 примероци, а издавачи се, здруженијата „Регионален зелен центар- Охрид“ и „Европа за тебе- Скопје“.























ОПШТИНА ОХРИД