
ПРОМОЦИЈА НА „СВЕТО ТАИНСТВО“ – ФОТОМОНОГРАФИЈА НА ЗОРАН ЛЕТРА
- септември 5, 2025
- 0
Во вторник на 9 септември во 12 часот, во Лапидариумот ќе биде промовирана фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра. Во уметничката фотомонографија се поместени 90 фотографии со мотиви од Охрид и 9 текстови од еминентни уметници, професори и истражувачи.
Во ова единствено дело кое зборува со јазикот на тишината, секоја слика е нешто свето, а секој кадар одразува хармонија.
„Свето Таинство“ е во издание на Општина Охрид, а ќе биде промовирано од охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски.