На 18.1.2022 во 13:00 часот е добиена пријава од невладината ,,ОХРИД СОС” во Општинскиот инспекторат за огромен градежен шут исфрлен на самиот брег на Охридското Езеро во с. Трпејца (на дол)!

Веднаш на 20.1.2022 (19.1.2022 – неработен ден) екипите на Општинскиот инспекторат се упатени кон с. Трпејца (на дол) и направен е записник дека лицето кое ги има (т.е. има наредено) да се фрлат вреќите со градежен шут во огромна количина ќе ги крене и однесе во ,,Мауцкер” во рок од 7 дена.

На 31.1.2022 екипите на Охридскиот инспекторат излезени се во контрола и направен е записник дека не е постапено по претходниот записник! Со што се покренува постапка во рамки на Законот!

На ден 5.2.2022 од 8:00 часот екипите на ЈП ,,Охридски Комуналец” – Охрид се излезени на терен со вкупно 21 вработен и цела расположлива механизација со цел да се расчисти ,,ДЕПОНИЈАТА” од градежен шут во областа На Дол (с. Трпејца) на самиот брег на Охридското Езеро!

 

Deponija_Trpejca_05022022006
Deponija_Trpejca_05022022008
Deponija_Trpejca_05022022009
Deponija_Trpejca_05022022011