Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” по добиен налог од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведoa активности за расчистување на уште една дива депонија лоцирана во населба Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас. Подигнати се 44 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, гуми од возила и др. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна.

За жал оваа локација несовесни граѓани многу често ја користат за ненаменско ослободување од покуќнината и друг цврст отпад. Се упатува апел до граѓаните за сите потреби кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, да се јават на дежурниот телефон  075-495-428 кој е достапен секој ден во неделата од  07:00 часот до 21:00 часот.

 

Повеќе…  ЈП “Охридски Комуналец” – Охрид