САЕМ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА СЕ ОДРЖА ВО ОХРИД
- септември 25, 2022
- 0
Денеска во Охрид, се одржа Саем на социјални претпријатија, каде учество зедоа социјални претпријатија од југозападниот регион на Македонија.
Во име на Општина Охрид пристуните ги поздрави советникот Перчо Божиновски, кој истакна дека социјалната економија е нов тренд во светската економија чиј фокус е насочен кон подобрување на егзитенцијалните услови на ранливите категории на граѓани.
– Самото работење на ваквите компании треба да послужи и како пример и да ги охрабри останатите економски чинители да се приклучат и да дадат свој придонес во овој процес. Секоја поддршка е ветер во грб, особено кога таа доаѓа од институции кои се докажан партнер во соработката и поддршка на самиот процес на развој на иницијативите за социјално претприемништво. Токму во Општина Охрид може да гледате таков партнер, бидејќи Локалната самоуправа не само што е отворена за изразување поддршка, туку и е спремна во секој поглед да ги поддрши и промовира таквите иницијативи, рече Божиновски.
На настанот беа присутни претставници на општини од Унгарија, Полска и Словенија, кои споделија свои искуства во оваа област. Саемот е во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија при Фондацијата за поддршка на претпријатија во Охрид и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.