
САНАЦИЈА НА УЛИЦИТЕ ВО НАСЕЛБА „ИСТОК“
- април 8, 2020
- 0
- Категорија:
По налог на Општина Охрид санирани се оштетувањата на улиците во населба „Исток“. Потрошени се околу 240 тони асфалт, а асфалтирана е површина од 600 метри квадратни со вкупна должина од 200 метри. Со изведувањето на овој зафат битно се олеснува пристапот на граѓаните до домовите и се подобрува патната инфраструктура.
Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.