![](https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Polaganje-cveke20250214004.jpg)
Делегација Локалната самоуправа, предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Андон Дуков, по повод годишнината од неговата смрт.
Свежо цвеќе положија и претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца и граѓани.
Андон Дуков бил резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец во НОБ. Тој бил роден во Охрид на 20-ти јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како учител по цртање во гимназијата во Врање.
Во 1941 година, по капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во Охрид каде се вклучил во борбата против бугарската окупација. На 27-ми ноември 1941 година е осуден во отсуство на 12 и пол години затвор. Според историските податоци, починал од измрзнување во февруари или март 1944 година на планината Кожуф.