СВИКАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- ноември 8, 2025
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРЕТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ третата седница на Советот на општина Охрид на ден 13.11.2025 година (четврток) со почеток во 10:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
-
- Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за млади и невладини организации за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за јавно осветлување за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за одржување јавна чистота за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година.
- Предлог-програма за изменување и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година.
- Предлог – програма за изменување и дополнување на Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2025 -2027 година.
- Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈМ за капитални расходи за паркови и зеленило за 2025 година – подпрограма ЈМА реализација на „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од Кеј Македонија“.
- Предлог-програма ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2025 година – подпрограма ЈЕА – реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во Општина Охрид“.
- Предлог-програма ЈГ за дополнување на програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2025 година подпрограма ЈГЦ – реализација на основен проект за мониторинг и управување СКАДА (SCADA) систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС систем со интеграција на двата системи.
- Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈИ – изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2025 година – подпрограма ФАЕ – реализација на Проектот „реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај“, „Вангел Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“.
- Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДХ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за постоечки локален пат од Камп Љубаништа до стационажа од км. 0+000,00 до км. 0+999,24“.
- Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДИ – реализација на основен проект „Реконструкција на потег дел од улица „Петрино“ до пресек со улица „Караорман“, село Лескоец-Охрид“.
- Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЈ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект кој ги поврзува село Велгошти со село Лескоец“.
- Предлог-програма за дополнување на Програмата ЈД Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДК – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект, реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница „Јане Сандански“ со улица „Питу Гули“ до пресек со „Булевар Туристичка“.
- Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата Изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДЛ – реализација на основен Проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „7-Ми Ноември“ од кружна крстосница „Охридска банка“ до пресек со улица „Егејска“ – Охрид“.
- Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДМ – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од улица „Кленоец“ и дел од улица „Петрино“.
- Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДН – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за населба Бараки во град Охрид“.
- Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДО – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – локален пат за село Завој“.
- Предлог-програма ЈД за дополнување на прогтрамата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДП – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект – улица во село Долно Лакочереј (крак 2)“.
- Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма JDQ – реализација на „Основен проект за линиски инфраструктурен објект – локален пат од село Лескоец до село Горно Лакочереј“.
- Предлог-програма ЈД за дополнување на Програмата за иградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година – подпрограма ЈДР – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект на дел од улица „Партизанска“ (населба Охридати) во град Охрид“.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2025 година.
- Предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.
- Предлог-одлука за отпис на основни средства – лаптопи.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Перчо Божиновски
ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-15102/1
07.11.2025 год.
О х р и д
















ОПШТИНА ОХРИД