Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТАТА
ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ дваесет и деветата вонредна седница на Советот на општина Охрид на ден 05.07.2019 година (петок ) со почеток во 12.00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за внатрешна организација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
  2. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за систематизација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
  3. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2019 година.
  4. Предлог – Одлука за дополнување на Одлука бр.08-181172/29 од 28.12.2018 година и Одлука бр.08-312/3 од 16.01.2019 година.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска