СВИКАНА ДВАЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- декември 16, 2022
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ дваесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 22.12.2022 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 11-та седница, Записникот од 17-та седница и Записникот од 18-та седница
-
- Предлог-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2023 година.
- Предлог-годишна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-програма за заштита на животната средина и природата за 2023 година.
- Предлог-годишна програма за спорт и рекреација за 2023 година.
- Предлог-програма за млади и невладини организации за 2023 година.
- Предлог-програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година.
- Предлог-програма за одбележување празници и манифестации во 2023 година.
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година.
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година.
- Предлог-годишна програма на општина Охрид за детска заштита за 2023 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2023-2025 година.
- Предлог-годишна програма на општина Охрид за социјална и здравствена заштита за 2023 година.
- Предлог-програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2023 година.
- Предлог-програма за работа на Советот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-програма за реализација на активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето за 2023 година.
- Предлог-програма за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2023-2025 година.
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во 2023 година.
- Предлог-програма за енергетска ефикасност за 2023 година.
- Предлог-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2023 година.
- Предлог-програма урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.
- Предлог-програма за други комунални услуги за 2023 година.
- Предлог-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2023 година.
- Предлог-програма за јавно осветлување за 2023 година.
- Предлог-програма за одржување јавна чистота за 2023 година.
- Предлог-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2023 година.
- Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за извршување на буџетот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-годишна програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2023 година во општина Охрид.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП „Водовод“ – Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа и развој на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2023 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид (пречистен текст).
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување член во Управниот одбор на ЈП „Охридски комуналец“- Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување член во Надзорниот одбор на ЈП „Градски гробишта“- Охрид.
- Предлог-одлука за отстапување простор на времено користење.
- Предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
- Предлог-заклучок за усвојување Анализа за материјално – финансиската состојба на ЈП „Водовод“ Охрид, со цел утврдување на оправданост од преземање мерки и активности за надминување на последиците од актуелната енергетска криза.
- Предлог-одлука за прифаќање донацијата на учебници и книги.
- Предлог-одлука за давање на трајно користење учебници и книги на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид.
- Предлог-заклучок за усвојување на заложбата за унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на насилството врз жените во политиката.
- Предлог-одлука за давање согласност за склучување колективен договор на општина Охрид.
- Предлог-одлука за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежната парцела со употреба на механизирани паркинг системи.
- Предлог-одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.
- Предлог-одлука за донесување план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границите на соседни градежни парцели за ГП 2.3.27 со намена А1-куќи за домување, ГП 2.3.26 со намена А1-куќи за домување и ГП 2.3.23 со намена А2 – згради за домување, во ДУП за УЗ 2, дел од блок 2.3-опфат 3, Охрид поради неусогласеност на градежните со катастарските парцели, општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за ГП 2.78 и ГП 2.64 во ДУП за 6-та УЗ, УБ 6.2 опфат 1 во КО Охрид 2, општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границите на градежните парцели ГП 54, ГП 12.56, ГП 12.57 и ГП 12.58, со класа на намена А1-домување во куќи во ДУП за дел од МЗ 15-ти Корпус, КО Велгошти, општина Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 252/2 КО Велестово.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 457/1 КО Коњско.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 463/3 КО Охрид 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 895/1 КО Охрид 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 907/2 КО Оровник.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 1191 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 1242 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 1424 КО Лескоец.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 1430/1 КО Трпејца.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 2503/1 КО Долно Лакочереј.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 2631/1 КО Елшани.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр. 6204/2, 6480/14, 6480/5, 6203 и 6480/2 КО Охрид 4.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на KП.бр. 5174/1 КО Охрид 4.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев