СВИКАНА ПЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- декември 22, 2025
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.12.2025 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
-
- Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП„Водовод“ – Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП„Градски гробишта“ – Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за работа на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа и развој на ЈП„Градски Пазар“ – Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Градски пазар“ – Охрид со статус на административни службеници за 2026 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2026 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредноста на бодот за пресметка на бруто плата на вработените во ЈП„Водовод“ – Охрид кои имаат статус на административни службеници за 2026 година.
- Предлог-одлука за разрешување членови во Управниот одбор и избор на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови и избор на вршители на должност членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови во Управниот одбор и избор на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈП„Водовод“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови и избор на вршители на должност членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП„Водовод“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови во Управниот одбор и избор на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈП„Градски гробишта“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови и избор на вршители на должност членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП„Градски гробишта“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови во Управниот одбор и избор на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈП Градски пазар – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови и избор на вршители на должност членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП Градски пазар – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови во Управниот одбор и избор на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови и избор на вршители на должност членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови во Управниот одбор и избор на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за разрешување членови и избор на вршители на должност членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување висина на надоместокот за членови во Управните одбори и Надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење на Јавните претпријатија основани од општина Охрид.
- Предлог-одлука за усвојување на годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2026 година.
- Предлог-развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2026-2028 година.
- Предлог-програма за заштита на животната средина и природата за 2026 година.
- Предлог-годишна програма за спорт и рекреација за 2026 година.
- Предлог-програма за млади и невладини организации за 2026 година.
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2026 година.
- Предлог-програма за одбележување празници и манифестации во 2026 година.
- Предлог-програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен – обележја за период од пет години (јануари 2026 – јануари 2031).
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2026 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2026-2028 година.
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2026 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2026-2028 година.
- Предлог-годишна програма на општина Охрид за детска заштита за 2026 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2026-2028 година.
- Предлог-годишна програма на општина Охрид за социјална и здравствена заштита за 2026 година.
- Предлог-програма за реализација на активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2026 година.
- Предлог-програма за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-годишна програма на општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-програма за еднакви можности на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-програма за работа на Советот на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-годишна програма за уредување на градежно земјиште во 2026 година.
- Предлог-развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2026-2028 година.
- Предлог-програма ЈН урбана опрема – изградба и одржување за 2026 година.
- Предлог-програма за јавно осветлување за 2026 година.
- Предлог-програма за одржување на јавна чистота за 2026 година.
- Предлог-програма ЈБ одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2026 година.
- Предлог-програма други комунални услуги за 2026 година.
- Предлог-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2026 година.
- Предлог-програма за енергетска ефикасност за 2026 година.
- Предлог-програма ЈD изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2026 година и Подпрограми JDA, JDB, JDH, JDI, JDJ, JDK, JDL, JDM, JDN, JDO, JDP, JDR и JDQ.
- Предлог-програма ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2026 година, Подпрограма ЈЕА реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид“.
- Предлог-развојна програма ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2025-2027 година, Подпрограма ЈЕА реализација на основен проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид “.
- Предлог-програма ЈФ за изградба на сообраќајна сигнализација за 2026 година.
- Предлог-програма за работа на општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-програма ЈG изградба на системи за водоснабдување за 2026 година и Подпрограми JGA, JGB и JGC.
- Предлог-оперативна програма за организирање и функционирање на службата за зимско одржување на патишта и улици на подрачјето на општина Охрид за период декември 2025 – декември 2026 година.
- Предлог-програма ЈИ изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2026 година, Подпрограма ЈИА реализација на проектот „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „Први мај“, „Вангел Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“.
- Предлог-програма ЈМ капитални расходи за паркови и зеленило за 2026 година, Подпрограма ЈМА реализација на проект „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од „КЕЈ Македонија“.
- Предлог-развојна програма ЈДМ 2025 – 2027 година, Подпрограма – реализација на основен проект „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за дел од улица „Кленоец“ и дел од улица „Петрино “.
- Предлог-одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за извршување на буџетот на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2026 година.
- Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2026 година во општина Охрид.
- Предлог-одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.
- Предлог-одлука за донесување на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.4 – опфат 1, Општина Охрид 2023-2028.
- Предлог-одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
- Предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
- Предлог-одлука за одржување на јавната чистота и паркови и зеленило на територијата на град Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Охрид, Битола и Ресен.
- Предлог-одлука за дополнување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид.
- Предлог-одлука за верификација на мандатите по одлуката за избор на членови на локалниот младински совет на општина Охрид.
- Предлог-одлука за формирање и продолжување со работа на Комисија за заштита на правата на пациентите.
- Предлог-одлука за примање на донација од Друштво за трговија и услуги ТАВ Македонија ДООЕЛ Мралино, Илинден.
- Предлог-одлука за примање на донација од Друштво за трговија и услуги КАМ ДОО Илинден.
ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-17532/1
19.12.2025 год.
О х р и д

















ОПШТИНА ОХРИД