Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА   
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ триесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.01.2024 година (вторник) со почеток во 09:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записникот од 36-та седница                                                                       

    1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредноста на бодот за пресметка на бруто плата на вработените во ЈП „Водовод“ – Охрид кои имаат статус на административни службеници за 2024 година.
    2. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2024 година.
    3. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за дополнување и изменување на ценовникот на услуги на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.
    4. Предлог-одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното земјиште за календарската 2024 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид.
    5. Предлог-одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште за календарската 2024 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини.
    6. Предлог-одлука за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид.
    7. Предлог-одлука за донесување локален акциски план за управување со отпад на општина Охрид за 2024 – 2025 година.
    8. Предлог-план и програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територија на општина Охрид.
    9. Предлог-одлука за утврдување Нацрт Детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 3 – опфат 5, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид, 2014-2029.
    10. Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 2.18 на КП 1298/1 во КО Велгошти во ДУП за дел од МЗ – „15 ти Корпус“ во Охрид, Општина Охрид.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев