СВИКАНА ТРИЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- декември 20, 2023
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ триесет и шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 27.12.2023 година (среда) со почеток во 10:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 35-та седница
-
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Св.Наум Охридски“ с.Пештани – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Живко Чинго“ – с.Велгошти – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Ванчо Николески“ – с.Лескоец.
- Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООМУ „Методи Патчев“ – Охрид.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за работата на ЈП „Водовод“ – Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на план и програма за работа на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на планот и програмата за работа и развој на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Градски Пазар “ – Охрид со статус на административни службеници за 2024 година
- Предлог-програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2024 година.
- Предлог-развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2024-2026 година.
- Предлог-програма за заштита на животната средина и природата за 2024 година.
- Предлог-годишна програма за спорт и рекреација за 2024 година.
- Предлог-програма за млади и невладини организации за 2024 година.
- Предлог-програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2024 година.
- Предлог-програма за реализација на активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2024 година.
- Предлог-програма за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2024 година.
- Предлог-програма за работа на Советот на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2024 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година.
- Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2024 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2024-2026 година.
- Предлог-годишна програма на општина Охрид за детска заштита за 2024 година.
- Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2024-2026 година.
- Предлог-годишна програма на општина Охрид за социјална и здравствена заштита за 2024 година.
- Предлог-развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2024-2026 година.
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во 2024 година.
- Предлог-програма за енергетска ефикасност за 2024 година.
- Предлог-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година.
- Предлог-програма урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година.
- Предлог-програма за други комунални услуги за 2024 година.
- Предлог-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2024 година.
- Предлог-програма за јавно осветлување за 2024 година.
- Предлог-програма за одржување јавна чистота за 2024 година.
- Предлог-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024 година.
- Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за извршување на буџетот на општина Охрид за 2024 година.
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2024 година.
- Предлог-одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
- Предлог-одлука за донесување Стратегија за развој на зеленилото во општина Охрид (2023 – 2032).
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на одлуката за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар Охрид.
- Предлог-одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.
- Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 14 во ДУП за деловно станбена зона „ЗАПАД“ – Охрид.
- Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1 формирана во ДУП за станбена населба „Радојца Новичиќ“ во КО Охрид 4, Општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.1 и ГП 1.2 со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија во ЛУПД за ГП 1 за лесна индустрија – Г2 на КП 134. КО Косел, Општина Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев