СВИКАНА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јули 26, 2021
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 30.07.2021 година (петок) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на Општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог- Програма за измени на програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година.
- Предлог- Програма за измени на програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2021 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за млади и невладини организации за 2021 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за активностите на Општина хрид во областа на културата за 2021 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2021 година.
- Предлог- Програма за измена на програмата за активностите на општина охрид во областа на образованието за 2021 година.
- Предлог- Програма за измени на програмата за заштита на животната средина и природата за 2021 година.
- Предлог- Програма за измени на Програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2021 година.
- Предлог- Програма за измена на развојна програма за уредување на градежно земјиште за 2021-2023 година.
- Предлог- Програма за измена на програма за јавно осветлување за 2021 година
- Предлог- Програма за измена програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2021 година.
- Предлог- Програма за измена на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година
- Предлог- Програма за измени на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година.
- Предлог- Програма за измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2021 – 2023 година.
- Предлог- Програма за измени на развојната програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода за 2021-2023.
- Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2021 година.
- Предлог- Одлука за одобрување на планската програма за поставување на група модуларни градби, наменати за вршење на здравствена дејност – Ковид центар во комплексот на општа болница – Охрид на Кп.бр. 9897/1 и Кп.бр. 9897/3 КО Охрид 2.
- Предлог- Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на општина Охрид за 2022 година.
- Предлог- Одлука за утврдување локации за поставување подземни контејнери на подрачјето на општина Охрид.
- Предлог- Одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на Центар за развој на Југозападниот плански регион број 07-2576/6 од 06.12.2007 година.
- Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишен план за вработување во ЈП „Билјанини извори“ Охрид за 2022 година.
- Предлог- Одлука за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП”Градски гробишта” Охрид бр.02-1675/10 од 07.12.2018 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска