Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ четириесет и петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 30.09.2024 година (понеделник) со почеток во 09,00 часот.  

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата го предлагам следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

 

    1. Советнички прашања.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Перчо Божиновски