
СВИКAНА ПЕДЕСЕТ И ДЕВЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јули 15, 2025
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И ДЕВЕТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ педесет и деветата седница на Советот на општина Охрид на ден 21.07.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 58-та седница
-
- Предлог-одлука за давање на трајно користење недвижен имот, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за 2026 година.
- Предлог-одлука за отстапување на користење недвижен имот на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид.
- Предлог-oдлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта во општина Охрид.
- Предлог-одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ„Св.Климент Охридски“- Охрид.
- Предлог-одлука за избор на член во Управниот одбор на Државното средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ – Охрид.
- Предлог-програма за измени и дополнување на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид 2025-2027.
- Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на Градежните парцели на ГП 1, ГП 2 и ГП 3 во ДУП за 10-та Урбана Единица – Охрид, Општина Охрид.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.146/2 КО Вапила, објект 1 и објект 1 (помошен објект).
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.165 КО Охрид 4, објект 2.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.557/1, КП.бр.557/2, КП.бр.557/3 и КП.бр.558 КО Рамне, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.770, КП.бр.775 и КП.бр.776 КО Рамне, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.1173/4 КО Долно Лакочереј, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.2177 КО Лескоец, објект 1.
- Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП.бр.940 КО Косел, објект 1 и објект 2.
ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-10340/1
14.07.2025 год.
О х р и д