Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕДЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ педесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 28.05.2025 година ( среда ) со почеток во 09:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. 

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записникот од 56-та седница

    1. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    2. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    3. Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 годинa.
    4. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    5. Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    6. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работaта на ЈП„Билјанини извори“- Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    7. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување на Статутот на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.
    8. Предлог-одлука за давање согласност на пречистен текст на Статутот на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.
    9. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    10. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    11. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    12. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025-2027 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    13. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    14. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација за 2025 година за периодот од 01. до 31.03.2025 година.
    15. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за млади и невладини организации за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    16. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    17. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2025 година (Н1) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    18. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 (НА) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    19. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2025 година (Н2) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    20. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2025-2027 (НБ) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    21. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2025 година (В1) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    22. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2025-2027 (ВА) за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    23. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    24. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасување, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2025 година за периодот од 01.01. до 03.2025 година.
    25. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    26. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    27. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    28. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    29. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    30. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    31. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата урбана опрема-изградба и одржување за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    32. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    33. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    34. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    35. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2025 година за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    36. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2025 година за период од 01.01. до 31.03.2025 година.
    37. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година подпрограма ЈДЕ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улици во село Пештани.
    38. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата ЈД изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2025 година подпрограма ЈДФ реализација на основен проект за реконструкција на линиски инфраструктурен објект за улица во село Подмоље во град Охрид.
    39. Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2025 година.
    40. Предлог-програма за измена и дополнување на Развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2025-2027 година (НА).
    41. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.
    42. Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2025 година.
    43. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид.
    44. Предлог-одлука за усвојување на социјален план на општина Охрид за период 2025-2028 година.
    45. Предлог-одлука за давање согласност на измени на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2025 година.
    46. Предлог-одлука за именување член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“-Охрид.
    47. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2025 година во општина Охрид.
    48. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.
    49. Предлог-одлука за утврдување Нацрт Детален урбанистички план за УЗ 2, дел од УБ 4 – опфат 1, КО Охрид 3, Oпштина Oхрид, 2023-2028.

 

ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-7820/1
21.05.2025 год.
О х р и д