Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/19), претседателот на Советот донесува:

 

Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ триесет и осмата седница  на Советот на општина Охрид на ден 31.01.2020 година  (петок) со почеток во 14:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

Усвојување на записникот од 37-та седница на Советот
  1. Предлог – одлука за усвојување на динамички план за отстранување на бесправно изградени објекти – плажи.
  2. Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
  3. Предлог – одлука за преместување на спомен-обележјето на Григор Прличев.
  4. Предлог – измени и дополнувања на Развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022.
  5. Предлог годишна Програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
  6. Предлог одлука за давање на времено користење на дел од недвижен имот од општина Охрид на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.
  7. Предлог- одлука за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид.
  8. Предлог- одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното (неизградено и изградено) земјиште за календарската 2020 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на  општина Охрид.
  9. Предлог-одлука за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште утврдено врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини.
  10. Предлог одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно    земјиште.
  11. Предлог – одлука за пренесување на правото на користење на универзален багер – ровокопач/натоварувач марка „HIDROMEK / HMK62SS“- сопственост на општина Охрид на ЈП “Охридски Комуналец“ – Охрид.
  12. Предлог – одлука за пренесување на правото на користење универзален багер – ровокопач марка „YANMAR / EXCAVATOR“ – сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба” –Охрид.
  13. Предлог – одлука пренесување на правото на користење на товарно возило – камион марка „DFSK / C31“ – сопственост на општина Охрид на ЈП “Нискоградба” –Охрид.
  14. Предлог- одлука за пренесување на правото на користење на товарно возило – камион марка „DFSK / C32“ – сопственост на Општина Охрид на ЈП “Нискоградба” – Охрид.
  15. Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на максималниуот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид.
  16. Предлог – одлука за именување членови во Управниот Одбор на ЈП „ Водовод“ Охрид.
  17. Предлог – одлука за именување членови во Надзорниот Одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Вододвод“ Охрид.

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА  ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска