СВИКAНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јуни 13, 2024
- 0
Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 18.06.2024 година ( вторник ) со почеток во 11:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-одлука за престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.
- Предлог-одлука за верификација на мандатот на член во Советот на општина Охрид.
- Избор на Претседател на Советот на општина Охрид.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседавач
Милена Грозданоска