ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СООБРАЌАЈ И УЛИЦИ
Одделението за сообраќај и улици ги врши работите што се однесуваат на:
- уредување на динамичкиот и стационарниот режим на сообраќај;
- организирање на општинскиот линиски превоз на патници;
- организирање на такси-превозот на патници;
- изготвување развојна и годишна програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици;
- изготвување годишна програма за одржување на локалните патишта и улици;
- изготвување годишна програма за изградба и одржување на мрежи за јавно осветлување;
- изготвувње годишна програма за изградба и одржување на јавни паркови и зеленила;
- изготвува годишна програма за јавна чистота;
- изготвување на програма за изградба и одржување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација;
- подготвување на програма за зимско одржување на локалните патишта и улици;
- определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти; нумерирање на објектите наменети за живеење и работа;
- поставување и одржување на табли со имиња на улиците и куќните броеви како и водење
- регистар и евиденција на имиња на улици и куќни броеви;
- давање квартални и годишни извештаи за реализација на сите програми во надлежност на одделението;
- вршење стручен надзор врз реализацијата на сите донесени програми од страна на Советот на Општина Охрид а се однесуваат на одделението;
- издавање лиценци за општински линиски превоз на патници и такси превоз на патници, дозволи за посебен линиски превоз и води регистар за истите;
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт:
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок.
E-mail: