СЕ ОДЛОЖУВА ПОДГОТВИТЕЛНАТА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА
- мај 23, 2019
- 0
Подготвителната информативна сесија за Нацрт- извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион закажана за 27-ми мај 2019 година во Охрид се одложува- соопштија денеска од Министерството за животна средина.
Без разлика што оваа средба значи рано вклучување на јавноста во изработка на документот увидена е потребата од дополнување на Нацрт-планот.
За терминот на нејзиното одржување јавноста ќе биде дополнително известена.
Подготвителната информативна сесија се организира во согласност со препораките на Архускиот жалбен комитет и член 6 од Архуската конвенција за рано вклучување на засегнатата јавност во процесот на донесување на одлуката за Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и има за цел запознавање на засегнатата јавност со процесот, податоците со кои се работи и документите кои се користат или секциите кои се подготвени, а за кои е потребно рано информирање на засегнатата јавност.