СЕ ОДРЖА ЧЕТИРИЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- април 16, 2024
- 0
Со шеснаесет точки на дневниот ред, денес се одржа четириесетата седница на Советот на Општина Охрид. На дневен ред беа неколку точки за работата на јавните претпријатија, а поголемиот дел се однесуваа на урбанистичката сфера и информацијата за Физибилити студијата за развој на касерната Охрид во технолошко-рекреативна зона.
Без поголеми дискусии, сите точки на дневниот ред беа усвоени со значителен број гласови.