СЕ ОДРЖА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
- јули 30, 2021
- 0
Со дваесет и три точки на дневниот ред, денес се одржа шеесет и втората седница на општинскиот совет. На седницата беа донесени одлуки за измени на програмите од сите сфери на работење на локалната самоуправа.
Точките од дневниот ред беа изгласани со гласовите на мнозинството, а опозицијата поддржа само три точки кои се однесуваа на Центарот за развој на југозападниот плански регион, за висината на надоместокот на услугите на ЈП “Градски гробишта“ и за техничка измена на ДУП за населбата Рача.