СЕ ПОСТАВУВА НОВА ДОГРАМА ВО ОУ „ХРИСТО УЗУНОВ“
- септември 25, 2020
- 0
Во тек се рабoтни активности за поставување на нова енергетски ефикасна дограма во сите училишни објекти и спортската сала во ОУ „Христо Узунов“.
Вредноста на проектот е 3 милиони денари, а Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Исто така со средства од општинскиот буџет во тек е реконструкција на сите санитарни јазли во училиштето, а наскоро треба да започне и реконструкција на подовите во сите училници.
Минатата година во ова училиште беше извршена промена на стариот азбестен покрив со нов лимен покривач.