Започнаа градежните активности за санирање на оштетените делови на улицата „ Васил Главинов“, со гребење на стариот и поставување на нов асфалтен слој. Овој зафат е дел од годишната програма на Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Охрид.