СЕ САНИРА ЧИНАРОТ ВО ВОСКА
- септември 3, 2021
- 0
- Категорија:
По повеќегодишно ангажирање на Одделението за животна средина, денес започна санацијата и ревитализацијата на Чинарот во населбата Воска. Овој чинар е еден постарите вакви стебла и има големо значење за жителите од оваа населба. Поради несоодветната грижа во минатото, преку 60 проценти од стеблото е уништено, заради што санацијата и ревитализацијата ќе биде на подолг рок.
За зачувување на автентичноста, сите употребени материјали ќе бидат природни и ќе го имаат природниот изглед на стеблото од чинарот. Стручниот тим за санација и ревитализација го предводи проф. д-р Јане Ацески. Се очекува полека да се враќаат природните карактеристики и по извесен период, чинарот ќе го врати своето полно значење на природна реткост.