СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО УРБАНА ЗАЕДНИЦА-8 „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“
- јуни 23, 2022
- 0
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.
На 24.06.2022 (петок) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница-8 „Билјанини Извори“. Собирот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.
Урбаната Заедница -8 “Билјанини Извори” го зазема источниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток со ул. “Стрелиште”, од Запад ул. “Јане Сандански”, од Север “1 Градски Ринг” (ул. “Карпош Војвода”) и од Југ булевар “Туристичка”.
Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните УЛИЦИ: ул. “Јане Сандански” – десна страна од бр. 36 (семафори кај “Мини Маркет”) до бр. 96 пресек со ул. Карпош Војвода, ул. “Карпош Војвода” – десна страна од бр.2 до крај , булевар “Туристичка” – десна страна од почетокот до семафори кај “Мини Маркет”, ул. “8 Септември”, ул. “Лазо Трпоски”, ул. “Мирче Ацев”, ул. “Ванчо Питошески”, ул. “Галичица”, ул. “Никола Карев”, ул. “АСНОМ” – до пресек со ул. булевар “Туристичка”.