СЕ СВИКУВА СОБИР НА ГРАЃАНИ ВО ШИПОКНО, РАМНЕ И ВЕЛЕСТОВО
- јуни 8, 2022
- 0
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.
- На 15.06.2022 (среда) со почеток во 18:30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Свети Стефан, с. Шипокно. Собирот ќе се одржи во основното училиште.
- На 15.06.2022 (среда) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Рамне, с. Рамне. Собирот ќе се одржи во домот во основното училиште.
- На 15.06.2022 (среда) со почеток во 19:30 часот се свикува Собир на граѓани за месната заедница Велестово, с. Велестово. Собирот ќе се одржи во домот во с. Велестово.
На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница.
Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.