СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД СО ПОДДРШКА НА КАМПАЊАТА „ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ“
- февруари 1, 2023
- 0
По повод месецот на ретки болести, претседателот на советот на Општина Охрид Сашо Донев и советниците на Советот на Општина Охрид се вклучија во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2023“, која започна денеска и ќе трае до крајот на месец февруари.
Со боење на едната дланка како симбол за 5% од пациентите со ретки болести кои имаат пристап до лекови, охридските советници испратија порака за поддршка и изразија надеж дека ќе се обезбедат подобри услови за лекување и третман на сите лица со ретки болести.
Поддршка на кампањата даде и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. Инаку, Локалната самоуправа и оваа година активно ќе се вклучи во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2022“ со осветлување на општинската зграда, јавни објекти и локации во боите на ретките болести.