СО НОВИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ДЕЖУРНИТЕ ЕКИПИ ВЕДНАШ НА ТЕРЕН
- февруари 8, 2022
- 0
Со новите снежни врнежи кои го зафтија охридскиот регион уште од синoќа дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” излегоа веднаш на терен. Се интервенираше со сета расположива механизација, а денес уште од раните утрински часови се расчистуваат јавните пешачки патеки, пешачки премини, чаршијата, пристапи до институции и други површини според приоритет.