СО ПОДДРШКА НА УСАИД ЌЕ СЕ РЕНОВИРА ЕНТЕРИЕРОТ ВО ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ВО ЛЕСКОЕЦ
- јули 29, 2019
- 0
Со средства на УСАИД во вредност од 1.200 000 денари и 25 % учество од Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец. Ова беше заклучено на работниот состанок што денес го оствари градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со претставниците на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски , Лири Старова, Бојан Динески и директорката на ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец , Елена ел Нади.
На средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид, основното училиште „Ванчо Николески“ и УСАИД.
Проектот од страна на УСАИД беше одобрен во месец април годинава. Градежните зафати планирано е да се реализираат во месец август и да се завршат пред почетокот на новата учебна година.
По одобрувањето на проектот на 24.04.2019 година беше одржана „Работилница за споделување на процедури и критериуми за одредување на потреби и приоритети за реновирање на училиштата“ по што следеше и увид во ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец од страна на тимот на УСАИД.