СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО АЛБАНСКИОТ АМБАСАДОР РЕКА
- јули 12, 2019
- 0
Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија. Двајцата соговорници оценија дека односите на двете земји се на високо ниво и дека тоа отвора нови можности за унапредување на веќе воспоставената соработката меѓу крајезерските градови Охрид, Струга и Поградец.
На средбата посебно беше потенцираната трансграничната соработка и заедничко аплицирање за користење средства од европските и меѓународните фондови за заштита на Охридското Езеро и културното богатство во регионот.