Во пресрет на вечерашниот концерт, градоначалникот Константин Георгиески имаше средба  со светски познатиот виолинст Стефан Миленковиќ. Концертот на Миленковиќ, во рамките на програмата на фестивалот „ Охридско лето“ , ќе се одржи  вечерва во црквата „ Св. Софија“ со почеток во 21 часот.

Стефан Миленковиќ е еден од најпознатите виолинисти кој кариерата ја гради на сцените во светот. Настапувал на најпрестижните концертни подиуми и со најпознатите оркетстри и диригенти. На вечерашниот концерт ќе настапи во пијано придружба на Владимир Милошевиќ.