Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со директорите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, д-р Садула Усеини и м-р Венко Стомнароски.
Од двете страни беше изразено огромното задоволство од успешно реализираната крводарителска акција што денеска се одржа во Охрид и големиот одзив на Охриѓани кои се покажаа како одлични донори на крв во услови кога државава и целиот Свет се соочува со пандемијата од Ковид 19. Заеднички беше заклучено дека задоволителниот број на собрани единици крв и добрата организација на настанот се само повод за организирање на вакви или слични други настани со хуманитарен карактер.
На средбата присуствуваше и заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.