СУП ТРКИ ПО ТРЕТ ПАТ ВО ОХРИД
- август 28, 2024
- 0
Вкупно 90 натпреварувачи од САД, Украина, Турција и Македонија беа дел од спортскиот настан „Суп трки 2024“ кој се одржа денеска во водите на Охридското Езеро на потегот од Старото пристаниште до населбата „Канео“.
Овој натпревар на вода се одржува по трет пат и е во организација на СУП клубот од Охрид.
Настанот беше отворен со штафетната трка на која зедоа учество четири тимови со четворица натпреварувачи. Најмладите учесници од 6-15 години се натпреваруваа во две трки од 200 метри и две трки од 500 метри во машка и женска категорија. Исто така, беа одржани и три трки за возрасни во должина од 2,5 километри.
Суп трките беа дел од овогодинешната програма на Ohrid Water Festival.