Во рамки на проектот  на Општина Охрид, „Културата расте со децата. За сите деца“, на 9.05.2025 година (петок) во ООУ „Григор Прличев“ со почеток во 12:00 часот ќе биде прикажана детската театарска претстава ,,Шумската принцеза” во изведба на Театар „ХИТ“. Во претставата  играат актерите Магдалена Ризова-Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски.

Со претставата на бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува бидејќи без неа нема здравје за луѓето“.

Претставата изобилува со оргинална сценографија и костими, како и со многу музика, песни, едукативни и интерактивни моменти.

Во рамки на проектот „Културата расте со децата. За сите деца“, детски театарски претстави ќе се одржуваат секој петок, а нив ќе ги води ликот на рибарот Климе.